
08.05.2025 Скопје
Лажен лекар од РС Македонија мамел постари лица во Загреб и Сплит и украл речиси 300.000 евра.
Полицијата ја завршила кривична истрага против 26-годишен државјанин на Република Северна Македонија, кого го сомничат за осум кривични дела измама, со кои предизвикал материјална штета од дури 278.850 евра.
Од 9 до 30 април годинава, еден маж, заедно со уште две засега непознати лица – еден маж и една жена – измамиле неколку постари лица во областите на Загреб, Велика Горица и Сплит. Нивната цел била да се стекнат со значителна парична корист
Измамниците ги контактирале жртвите по телефон од Романија, лажно претставувајќи се како лекари од загрепските болници, а во еден случај и како лекар од американска болница. На постарите лица им било кажано дека член на нивното најблиско семејство доживеал сериозна сообраќајна несреќа и дека му е потребна итна операција – во некои случаи за да се избегне ампутација.
Потоа жртвите биле убедени итно да предадат пари или златен накит за наводен третман. Повикувачите им наложиле да ги остават парите пред нивните домови или згради, каде што наскоро се појавувал 26-годишниот осомничен и ги земал вредните предмети.
Подготвено од М.Д.