
07.05.2025 Скопје
Бројот на сиромашни луѓе на европскиот континент лани малку се намалил во однос на претходната година.
Лани повеќе од 93 милиони луѓе во Европската Унија(EУ) беа изложени на ризик од сиромаштија. Тоа е 21 процент од населението. Ова значи дека тие живееле во домаќинства кои имале барем еден од трите ризици од сиромаштија и социјална исклученост: ризик од сиромаштија, тешка материјална и социјална депривација и живеење во домаќинство со многу низок интензитет на работа, наведува Европскиот завод за статистика.
Претходната година имало 94,6 милиони луѓе изложени на ризик од сиромаштија.
Најлоша е ситуацијата во Бугарија, каде што 30,3 проценти од луѓето се изложени на ризик од сиромаштија, и во Романија (27,9 проценти).
Хрватска е на деветто место од 27-те земји членки на ЕУ со удел од 21,7 проценти, што значи дека 810.000 жители живеат во сиромаштија.
Подготвено од М.Д.