
30.05.2025 Скопје
Холандската агенција за безбедност на храна и производи за широка потрошувачка (NVWA) објави дека е пронајден канабис во килограмски кесички бонбони од Харибo „Happy Cola F!ZZ“, поради што производот е повлечен од продажба низ целата земја.
Ова откритие следуваше по извештаите дека неколку членови на едно семејство се разболеле откако го изеле производот.
Контаминацијата била откриена откако семејството ги пријавило симптомите во полиција, поради што агенцијата земала примероци од бомбоните, кои биле позитивни на тестот за канабис.
Подготвено од М.Д.