
30.05.2025 Скопје
Земјите ширум светот воведуваат нови даноци за да ги зголемат приходите, да го заштитат културното наследство од прекумерен туризам или подобро да го управуваат бројот на туристи, а од оваа година им се придружи и Грција.
Надоместокот за апартмани е зголемен на 2,5 евра дневно, додека цената е уште повисока за хотелите.
Минатата година, за станови, каде што престојуваат најголем број луѓе, плаќавме 0,5 евра на ден по апартман. Оваа година, таа такса е зголемена на 2,5 евра на ден. Слично на тоа, таксите за хотелите се зголемени и изнесуваат од 2 до 15 евра на ден, во зависност од категоријата на хотелот. Таксите се плаќаат за целиот објект, а не по лице.“
Такси и на островите
Даноците на некои туристички острови, како што се Санторини и Миконос, исто така се зголемени за да се ограничи бројот на туристи.
Цените на билетите на археолошките локалитети се исто така зголемени, сè со цел регулирање на бројот на посетители и намалување на влијанието врз локалното население.
Казни до неколку илјади евра за кампување во близина на плажи
Од оваа година е донесен нов закон со кој строго се забранува кампување на која било локација во близина на плажи. Казните за прекршителите на овој закон се движат од неколку илјади евра, а контролите ќе бидат ригорозни.
Контролите на сообраќајот исто така ќе бидат засилени, особено на север од Грција.
Оваа година се очекуваат построги контроли на брзината, задолжителна опрема во возилата и употреба на безбедносни појаси
Износи на новите даноци во Грција
Износот на данокот зависи од видот на сместување и времето од годината, а во текот на главната туристичка сезона, данокот што се наплаќа по ноќ ќе изнесува:
-Хотели и апартмани со 1-2 ѕвезди: 2 евра
-Хотели со 3 ѕвездички: 5 евра
-Хотели со 4 ѕвездички: 10 евра
-Хотели со 5 ѕвездички: 15 евра
-Самостојно сместување, преку платформи како Airbnb: 8 евра
-Куќи и вили поголеми од 80 м²: 10 евра
Вон сезона (ноември – март), количините се значително пониски:
-Хотели со 1-2 ѕвезди: 0,50 евра
-Хотели со 3 ѕвездички: 1,50 евра
-Хотели со 4 ѕвездички: 3 евра
-Хотели со 5 ѕвездички: 4 евра
-Апартмани и соби: 0,50 евра
-Куќи и вили: 4 евра
Данокот се наплаќа по соба или сместувачка единица, а не по лице, што значи дека семејствата и поголемите групи можат да се снајдат подобро.
Подготвено од М.Д.