MERC

27.05.2025 Скопје

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Берлин ги укина ограничувањата на Украина за употреба на оружје со долг дострел.

Велика Британија, Франција, САД, а сега и Германија, ги укинаа ограничувањата за дострелот на нивното оружје испорачано во Украина, што значи дека Киев сега може да напаѓа позиции на руска територија со оружје со долг дострел, посочи Мерц.

Тој додаде дека сега Украина треба да се снабди со оружје какво што ѝ е потребно.

Подготвено од М.Д.

About Author