EU FRANCIJA

05.05.2025 Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска заедно со францускиот претседател Емануел Макрон ќе учествуваат на „Одберете Европа на науката“, што ќе се одржи на Универзитетот Сорбона во Париз.

Како што соопшти Европската комисија, Фон дер Лајен ќе има обраќање конференцијата при што ќе ја нагласи посветеноста на ЕУ кон изградба на Европа како центар за наука, академска слобода и истражувачки напредок и ќе ги повика научниците и истражувачите да ја „Одберат Европа“.

Покрај Фон дер Лајен, на научната конференција на Сорбона ќе учествуваат и извршен потпретседатели на Европската комисија, Стефан Сежурне и Роксана Минзату и еврокомесарката за стартапи, истражување и иновации Екатерина Захариева.

Подготвено од М.Д.

About Author