def15b917bea98239b0c8ed59002e4ea

19.05.2025 Скопје

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Емилија-Романа која се вози на Имола.

Ферстапен кој ја возеше својата јубилејна 400. трка во билодот на Ред Бул, беше побрз од ривалите од Мекларен, Норис и Пјастри.

Најмногу загуби Пјастри кој трката ја почна од пол-позицијата, но заврши трет, пред него беше Норис.

Во квалификациите возачите на Ферари не беа ниту во најдобрите 10, но на денешната трка беа задоволувачки. Луис Хамилтон заврши четврти, а Леклер шести, меѓу нив беше Александер Албон.

Во топ десет се пласираа и Расел, Саинц, Хаџар и Цунода.

Подготвено од М.Д.

About Author