fenerbahce

26.05.2025 Скопје

Фенербахче вечерва во Абу Даби го победи Монако во финалето на Евролигата со 81:70.

Најефикасен кошаркар на средбата беше напаѓачот на турскиот тим Најџел Хејс, кој постигна 23 поени.

Фенербахче по втор пат во историјата стана шампион на Европа. Тимот претходно ја освои титулата во 2017 година.

Во поразениот тим Дијало постигна 19, Џејмс 17 поени.

Во мечот за третото место, Олимпијакос беше подобра од Панатинаико со 97:93.

Подготвено од М.Д.

About Author