Kaja-Kallas

03.05.2025 Скопје

Во пораката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, упати сериозни забелешки за состојбата со новинарството во светски рамки, истакнувајќи дека „огромните намалувања на финансирањето, заедно со се поизразената политичка репресија и насилство врз новинарите, го доведуваат медиумскиот сектор во длабока криза“.

Според Калас, притисоците врз медиумските работници се во пораст, а заедно со нив и заканите од дезинформациски кампањи и авторитарни влијанија. Таа предупреди дека новите технологии, особено вештачката интелигенција, може дополнително да го влошат проблемот преку „сеопфатен надзор и насочено вознемирување“.

„На овој Светски ден на слободата на печатот, Европската унија ја потврдува својата одлучна посветеност на одбраната на слободното и независно новинарство“, истакна Калас, додавајќи дека медиумските слободи се клучни за демократијата, плурализмот и одговорноста.

Според неа, опстанокот на независните медиуми е директно поврзан со одржливоста на демократските институции.

Подготвено од М.Д.

About Author