
23.05.2025 Скопје
Семејствата секогаш треба да имаат пари при рака за да ги покријат трошоците за електронски системи за плаќање.
Холандската централна банка во вторникот соопшти дека секој возрасен член на домаќинството треба да има 70 евра во готово, додека децата треба да имаат по 30 евра.
Банкарите од Холандија наведуваат дека причината за оваа препорака се сајбер нападите и геополитичките тензии, кои можат да ја загрозат инфраструктурата на платните системи.
Советот доаѓа по неодамнешните прекини на електричната енергија во Шпанија и Португалија, кои привремено ги оневозможија системите за електронско плаќање.
Препорачаните количини треба да бидат доволни за покривање на основните потреби за период од три дена. Холандските власти нагласуваат дека готовината во вакви ситуации треба да се користи за вода, храна, лекови и транспорт.
Холандската централна банка, исто така, вели дека трговците треба да обезбедат алтернативни методи на плаќање, како што се QR кодовите.
Уште во март оваа година, Европската комисија ги повика граѓаните на ЕУ да се подготват за вонредни состојби, вклучувајќи војна или природни катастрофи. Комисијата советува да се обезбеди доволно основни залихи за најмалку три дена.
Подготвено од М.Д.