toploten_bran

06.05.2025 Скопје

За летото 2025 година се очекуваат екстремни горештини, суша и драстични временски промени низ цела Европа.

По влажниот почеток на сезоната, средината и крајот на летото изгледаат многу посува, со зголемен ризик од топлотни бранови во поголемиот дел од Европа.

Најновите сезонски прогнози покажуваат низок притисок над западна и северозападна Европа, што носи влага од Медитеранот кон централните делови на континентот. Од друга страна, високиот притисок над источна и североисточна Европа воведува потопла воздушна маса.

Поголемиот дел од Европа ќе биде потопло од просекот, особено источниот и североисточниот дел.

Подготвено од М.Д.

About Author