znaminjata na eu i ukraina

09.05.2025 Скопје

Европската комисија нема да го продолжи бесцаринскиот увоз на роба од Украина во Европската Унија по 5 јуни и истражува други опции за поддршка, изјави портпаролот на Европската комисија Олаф Гил во Брисел.

„Поентата е во тоа дека не планираме да го продолжиме овој механизам откако тој ќе заврши“, истакна тој.

Според него, ЕК во моментов работи на други мерки за поддршка на украинскиот земјоделски сектор.

Европската Унија го воведе бесцаринскиот режим за увоз на украинска роба на територијата на Унијата во 2022 година.

Претходно е објавено дека Украина стравува од сериозни последици ако договорот за бесцаринска трговија со ЕУ не се продолжи. Киев инсистира на продолжување на овие договори за да се избегне сериозна економска криза.

Подготвено од М.Д.

About Author