Sema-na-staklenicki-gasovi

16.05.2025 Скопје

Емисиите на стакленички гасови предизвикани од економските активности на Европската Унија, регистрирани во четвртиот квартал од 2024 година, се проценети на 897 милиони тони еквивалент на јаглерод диоксид (CO2), што е зголемување од 2,2 проценти во споредба со истиот период претходната година (878 милиони тони), објави Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека во истиот интервал е регистрирано зголемување на бруто домашниот производ (БДП) на Европската Унија од 1,5 проценти. Двата економски сектори што предизвикаа најголеми зголемувања беа домаќинствата, со зголемување од 5,2 проценти, како и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,6 проценти). Латвија и Австрија бележат падови.

Проценето е дека емисиите на стакленички гасови се намалиле во шест земји од Европската Унија, со најголеми намалувања во Естонија (11,3 проценти помалку), Финска (6,1) и Шведска (2,3), објави Танјуг. Меѓу нив, две земји (Латвија и Австрија) забележаа пад на БДП, а за другите четири (Естонија, Финска, Шведска и Луксембург) се проценува дека ги намалија емисиите, а воедно го зголемија својот бруто домашен производ.

Подготвено од М.Д.

About Author