https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/photos/538197654598837

06.05.2025 Скопје

За преполните и неиспразнети контејнери за кои граѓаните и општините со месеци предупредуваат, градоначалничката Данела Арсовска вели дека комуналното претпријатие функционира исто како и во минатите години и дека во таа насока ништо не е сменето.

Таа изјави дека градот функционира нормално.

„Градот Скопје функционира, односно комуналното претпријатие, Јавното претпријатие, Комунална хигиена, работи идентично, поденаково како што работело и во сите изминати години… Значи, секојдневно во оние денови од неделата, кога за истото, нормално, треба да излезат на теран и да го завршат истото“, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Според неа, нема проблем во функционирањето на ЈП Комунална хигиена. Вели дека проблемот е во тоа што во последниве години драстично се зголемил волуменот на отпад околу и во контејнерите.

„Се случува да имаме ситуацији каде што комунално претпријатие или пак приватни субјекти кои што ги собираат овие отпади од доманкинствата, односно од правни лица, истите не ги исфрлаат во Дрисла, како единствената санитарна депонија во РС Македонија. А сега, бидејќи имаме навистина ригорозни санкции, успеваме да ги детектираме сите оние депонии, каде што се обидуваат да ги депонираат и таму следат кривични одговорности, тие во часовите, наоѓаат кога има некој измеѓу период, истото го вршат како празнење во контејнерите, односно, поконкретно покрај контејнерите“, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Арсовска вели дека Комуналната инспекција во Град Скопје работи турбо и дека таа има двојно повеќе инспекции и казни во споредба со сите останати такви инспекции од цела држава.

„Така секоја општина има свој инспектори кои што, за жал, треба да се на терен и да поступуваат и исто така секоја општина има свој комунални предпријатија кои што, исто така, треба да работат“, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Арсовска вели и дека улиците редовно се метат, но дека само по неколку часа тие повторно се валкани. Не сакаше да даде оценка од 1 до 10, каде 10 е највиоска, за тоа колку Скопје е чисто.

Подготвено од М.Д.

About Author