
09.05.2025 Скопје
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе го посети идната недела Западен Балкан.
Посетата на Белград е планирана за 13 мај.
Тоа ќе биде негова прва посета во рамки на балканската турнеија откако стапи на должост како претседател на Европскиот совет, а престојот во Приштина се најавува за 14 мај.
Турнејата која Кошта ќе ја направи по сите земји на Западен Балкан се одвива во пресрет на самитот на Евопската политичка заедница, која ќе се одржи на крајот на следната седмица во Тирана.
Европската политичка заедница е паневропска иницијатива која датира од 2022 година, основана на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон.
Се собираат повеќе од 40 лидери од земјити од европскиот континент и институции на ЕУ.
Подготвено од М.Д.