anceloti-1

13.05.2025 Скопје

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ќе стане најплатен тренер во светот откако во јуни ќе го напушти Реал Мадрид и ќе седне на клупата на фудбалската репрезентација на Бразил, објавија шпанските медиуми.

Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно, односно 9,2 милиони евра годишно. Ова ќе го направи најплатен тренер во светот. Досега тоа беше Томас Тухел, кој заработува шест милиони евра годишно како селектор на Англија.

Платата на Анчелоти е двојно поголема од неговите двајца претходници на клупата на Бразил, Тите и Доривал Жуниор.

Официјалната промоција на Анчелоти е закажана за 26 мај во Рио Де Женеиро, а следниот месец Италијанецот ќе го предводи Бразил на натпреварите од мундијалските квалификации против Еквадор и Парагвај.

Подготвено од М.Д.

About Author