
15.05.2025 Скопје
Ако Украина изгуби територии, во светот ќе настане хаос. Ова е ставот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Тој денеска предупреди дека неуспехот да се постигне праведен мир што го почитува територијалниот интегритет на Украина би можел да го поткопа меѓународното право и да предизвика хаос низ целиот свет.
„Во време како ова, исклучително е важно меѓународното право да надвладее. Во спротивно, отвораме врата кон хаос низ целата планета“, рече Гутереш.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека нема индикации дека рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува за прекин на огнот.
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас се сомнева дека Путин сака мир и дека ќе отиде во Турција на преговори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски замина во Турција и таму го чека рускиот претседател. Инаку, украинските власти постојано повторуваа дека не планираат да се откажат од своите територии во замена за мир.
Подготвено од М.Д.