ukraina struja

29.04.2025 Скопје

Снабдувањето со електрична енергија на Пиринејскиот Полуостров е речиси целосно обновено. Шпанскиот мрежен оператор РЕЕ соопшти дека од 6 часот наутро, снабдувањето со електрична енергија во земјата е обновено на 99,16 проценти.

Во соседна Португалија, електричната енергија е исто така вратена во повеќето домаќинства, објави португалска телевизија, повикувајќи се на португалскиот мрежен оператор Е-Редес. Околу 95 проценти од 6,5 милиони потрошувачи во земјата повторно имаат електрична енергија.

Милиони луѓе во Шпанија и Португалија вчера останаа во мрак по прекините на електричната енергија – комуникациските мрежи беа прекинати, семафорите престанаа да работат, а лифтовите беа блокирани.

Големиот прекин на електроснабдувањето што го парализираше Пиринејскиот Полуостров вчера, бил предизвикан од ненадејна загуба на 15 гигавати електрична енергија во шпанската мрежа во рок од само пет секунди, што доведе до дефект во меѓусекторската врска меѓу електропреносните мрежи на Шпанија и Франција. Според операторот РЕЕ, европските енергетски мрежи не се проектирани да издржат вакви нагли загуби, што резултираше со колапс на електроснабдувањето во Шпанија и делови од Португалија.

Подготвено од М.Д.

About Author