GERMANIJA

09.04.2025 Скопје

„До пладне“ се проценува дека Христијанската унија (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ќе постигнат договор за формирање владина коалиција.

Синоќа некои медиуми јавија дека успешно завршиле преговорите. Сепак, преговарачите заминале во раните утрински часови без конечен договор.

Разговорите е предвидено да продолжат во 10:30 часот, додека објавата од исходот се очекува во текот на денот.

Се наведува дека лидерот на Христијанско-демократската партија (ЦДУ) и веројатно следен канцелар Фридрих Мерц сакал денеска да го информира лидерскиот тим на неговата партија за досегашните резултати од преговорите со СПД.

Мерц во последно време добива силни критики во ЦДУ за „прекумерните отстапки“ кон неговите идни владини партнери, како и за притисокот за брзи резултати поради условите што се формираат по воведувањето на новите царини од страна на САД, поради што императивно е да се формира влада што е можно побрзо.

Засега останува непознато дали партнерите од денеска ќе бидат подготвени покрај нивниот програмски договор да ги презентираат и своите одлуки за лицата кои ќе ги пополнат владините позиции.

Покрај тоа, СПД потоа ќе треба да побара одобрение од своите членови преку електронско гласање. Поради велигденските празници, неодамна се разговараше за 6 мај како најверојатен датум за избор на Фридрих Мерц.

Подготвено од М.Д.

About Author