th (1)

04.04.2025 Скопје

Минималната плата не треба да биде предмет на ценкање, импровизации и наметнување е сублиматот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

Со минималната плата не може да се тргува и пазари. Јаревски во Студио 10 истакна дека е потребно да преговараат синдикатите и работодавачите, како што е и основната функција на синдикатот.

Поранешната министерка на некогашното министерство за труд и социјала и актуелна пратеничка во собранието од редовите на СДСМ Јованка Тренчевска го потенцира фактот дека за прв пат откако е донесен законот и методологијата за пресметка на минималецот е утврден износот надвор од економско социјалниот совет во Влада.

Од Синдикатот на Клинички центар пак денеска го пофалија покачувањето на платите од 2500 денари на основновната нето плата која со 30 проценти додатоци според претседателот Предраг Серафимовски тоа е поголемо покачување за сите профили во здраството.

Донесената одлука на Влада за висината на минималецот ги изнесе вчера на улица со одржување на т.н јавна седница на највисоките тела во сојузот на синдикати на Македонија од каде побараа плата за работниците минимум 500 тини евра и покачување на останатите за 100 евра, додека пак симболично едногласно изгласаа да именуваните и избрани функционери земаат плата во висина на нивното барање цела година т.е до следното пресметување.

Подготвено од М.Д.

About Author