
30.04.2025 Скопје
Јас ги предводам Америка и светот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Во ново интервју тој кажа дека за разлика од претходните мандати, овој пат ги предводи „земјата и светот“.
„Првиот пат имав две задачи, да ја водам земјата и да преживеам, имав работа со разни расипани луѓе“, кажа Трамп.
Трамп се осврна и на прашањето на потенцијална трета кандидатура за Белата куќа, идеја за која претходно зборуваше, но која републиканските пратеници главно ја доживуваат како шега.
„Тоа не е нешто што планирам да го направам. И мислам дека би било многу тешко да се оствари“, кажа Трамп.
Тој воведе царини за многу земји и предизвика турбуленции во светот.
Демократскиот конгресмен Шри Танедар од Мичиген изјави дека поднел резолуција за импичмент на претседателот Доналд Трамп, а врз основа на седум точки, меѓу кои се „тиранско надминување на овластувањата“, корупција и попречување на правдата.
Ова е прв обид годинава на демократски пратеник од Претставничкиот дом да покрене импичмент против претседателот на САД или член на неговата администрација.
Подготвено од М.Д.