
29.04.2025 Скопје
Радио телевизија Србија (РТС) ниту денес не ја емитуваше Утринската програма, еден ден откако студентите ја завршија блокадата на нивните објекти во Белград, додека Утринските вести се емитуваа без најавувач.
Наместо Утринската програма, утрово во 7 часот беше прикажан домашниот филм „Вистинска приказна“, додека Утринските вести беа емитувани во 8 часот наутро со однапред подготвени извештаи.
Студентите ги блокираат објектите на РТС на улицата Таковска и Кошутњак од 14 април, а блокадата ја прекинаа во понеделник, 28 април, попладне, кога беше објавен нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), што беше нивно барање.
Како што објави телевизијата Н1, според неофицијални информации, вработените добиле е-пошта од нивните претпоставени во која се наведува дека е планирана дезинсекција и дератизација во просториите и дека ќе бидат известени кога ќе можат да се вратат на работа.
РТС сè уште не објави кога ќе продолжи редовното емитување.
Подготвено од М.Д.