VITKOF

11.04.2025 Скопје

Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, отпатува за Русија и се очекува денеска, 11 април, да се сретне со претседателот Владимир Путин, објави Аксиос, повикувајќи се на извор запознаен со патувањето.

Ова ќе биде трета средба меѓу Виткоф и Путин, бидејќи Трамп се обидува да постигне примирје во војната меѓу Русија и Украина.

Како што објавија медиумите, Трамп бил незадоволен бидејќи преговорите не напредувале во последните недели, а во една прилика изјавил дека е „лут“ поради коментарите на Путин за Украина.

Аксиос потсетува дека минатата недела Виткоф беше домаќин на пратеникот на Путин Кирил Дмитриев во Вашингтон во обид да се надмине ќор-сокакот во преговорите.

Подготвено од М.Д.

About Author