pravopis

11.04.2025 Скопје

По иницијатива на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во соработка со НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје, почнува акција за дистрибуција на примероци од Правописот на македонскиот јазик во сите основни училишта низ државата.

„Оваа активност е важен придонес кон подобрување на наставниот процес, подигнување на јазичната култура кај учениците и зачувување на македонскиот јазик како суштински дел од нашиот национален идентитет. Акцијата следи откако во депоата на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје беа откриени 2.600 примероци од второто издание на Правописот, кои цели седум години не биле дистрибуирани и биле чувани во несоодветни услови, иако првично биле наменети за сите јавни установи и институции, како и за лекторатите и библиотеките во земјава и странство, се наведува во соопштението од Кабинетот на Ѓорѓиевски.

По остварената средба меѓу претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски со директорот на НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје, Јовица Никчевски, како што се наведува во соопштението, се става крај на евидентираната институционалната негрижа и се обезбедува сите училишта во државата да поседуваат Правопис, ставен во функција на образовниот процес и грижата за македонскиот јазик.

НУБ ,,Св. Климент Охридски” ќе достави 1000 примероци на ЗЕЛС кои ќе бидат распределени во сите основни училилишта во земјава, а ќе бидат опфатени и сите 950 на централните и подрачните училишта.

Подготвено од М.Д.

About Author