sad-i-juzhna-koreja-

25.04.2025 Скопје

Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави работат на спогодба, со која би се укинале американските и реципрочните давачки пред нивното стапување во сила во јули, објави делегација од Јужна Кореја по првата рунда трговски преговори во Вашингтон.

Двете земји вчера имаа “многу успешна” средба, изјави американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, по завршувањето на состанокот.

“Се чини дека напредуваме побрзо отколку што очекував, и веќе следната седмица ќе разговараме за техничките услови на договорот”, рече секретарот пред новинарите.

Бесент и трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, се сретнаа со министрите за финансии и индустрија на Јужна Кореја.

Ниту една од страните не откри детали за потенцијалните области на преговори, но Јужна Кореја соопшти дека побарала ослободување од реципрочните и американските давачки за определени производи.

Јужна Кореја понуди соработка во областа на бродоградбата и енергетиката, а исто така се разговараше и за трговските нерамнотежи.

Корејскиот министер за индустрија, Ан Дук-геун, изјави дека целта е да се постигнат договори до 8 јули, денот кога завршува одложувањето на давачките кои американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за речиси целиот свет.

Претседателот Трамп најави реципрочни давачки од 25 проценти за Сеул, а Јужна Кореја е една од првите држави со кои американската влада отпочна трговски преговори.

Подготвено од М.Д.

About Author