
24.04.2025 Скопје
Белата куќа води внатрешни дискусии за евентуално укинување на санкциите за руските енергетски проекти, вклучувајќи го и гасоводот „Северен тек 2“, како дел од напорите за постигнување мир во Украина, се дознава од извори запознаени со ситуацијата.
Специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ја предводи иницијативата за ублажување на санкциите, додека државниот секретар Марко Рубио и министерот за внатрешни работи Даг Бургум се против идејата.
Се верува дека укинувањето на санкциите може да и овозможи на Русија да се врати на европскиот пазар, што може да ги загрози американските извозници на ЛНГ.
Иако Виткоф предложи да се создаде листа на сите американски санкции против Русија, претставниците на Белата куќа нагласуваат дека предлогот се уште е во фаза на разгледување и дека не е постигнат консензус.
Портпаролите на Белата куќа ги негираа извештаите за разговори за укинување на санкциите, нарекувајќи ги „неодговорно известување“.
Подготвено од М.Д.