paricnik

16.04.2025 Скопје

РС Македонија е меѓу државите во регионот со најслаб раст на животниот стандард од 2014 година наваму.

Податоците на Евростат покажуваат дека РС Македонија забележала послаб раст во однос на животниот стандард во периодот од 2014 до 2023 година.

Со раст од 27 отсто на реалниот БДП по глава на жител, кој изнесува дополнителни 1.370 евра, РС Македонија е една од земјите со послаб напредок во регионот на Западен Балкан и пошироко. Бугарија, Полска, Романија можат да се пофалат со добри резултати. Прва на листата е Ирска.

Словенија има раст од 29 отсто (+5.560 евра), додека Србија забележа значителен скок од 50 отсто (+2.970 евра). Црна Гора исто така има солиден резултат со раст од 30 отсто, додека Хрватска е меѓу водечките земји во регионот со раст од 48 отсто (+5.430 евра).

Подготвено од М.Д.

About Author