https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/289310291_590090802488892_964739144361751519_n.jpg?_nc_cat=104&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=vAdX5myvv30AX_717lL&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT_Ep-Ql_GOzXxUURu4l7EjEs87-oqjoTpIJ2UAE2jBbgg&oe=62D38E2B

01.04.2025 Скопје

На пратениците им заврши двонеделниот распуст. Од денеска се враќаат во пратеничките клупи. Пред речиси петнаесеттина дена Собранието, ја информираше јавноста дека нема да работи во знак на почит на 59 загинати во пожарот во дискотеката во Кочани.

Во соопштението од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши пишуваше дека на координација, присутните консензуално се согласиле дека имајќи ги предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието ги откажа сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари.

Откако си доделија плус уште една недела пауза, а по жестоките критики во јавноста, од кабинетото на собранискиот спикер, повторно се јавија. Овојпат со појаснување дека работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, вклучително и координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовката и разгледувањето на предлог законите, како и состаноци на различни нивоа.

Денеска на собраниската агенда има повеќе активности. Ќе се одржат две пленарни седица, а седици ќе одржат и три комисии. Јавноста очекува да се формира и Анкетна комисија за трагедијата во Кочани.

Подготвено од М.Д.

About Author