EU VOJSKA

24.04.2025 Скопје

Планот за повторно вооружување на Европската Унија ќе доведе до нејзин распад, изјави лидерот на партијата Движење на пет ѕвездички и поранешен италијански премиер Џузепе Конти.

Европската комисија на 19 март ја претстави својата нова стратегија за одбрана „Вооружување на Европа“, која предвидува користење околу 800 милијарди евра за јакнење на одбраната на земјите од ЕУ и снабдување на Украина со оружје.

Името на стратегијата подоцна е променето во помалку агресивното „Спремност-2030“ по негодувањето на бројни земји.

„Осумстотини милијарди се истураат со тоа што на секоја земја ѝ се дозволува да се вооружи. Овој план не само што нема да ѝ користи на Европа, туку ќе придонесе на нејзиниот распад“, кажа поранешниот италијански премиер.

Според него, иако авторите на планот ја правдаат неговата подготовка со заканата која наводно доаѓа од Русија, засиленото вооружување само ќе создаде илузија на безбедност.

„Верувам дека најдобрата гаранција за просперитет за нашите граѓани е дијалогот, кој не можеме да му го препуштиме само на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп. Ние сме тие кои мораме да седнеме на преговарачката маса и да изградиме хоризонт на мирот без палење на спиралата која води во војна“, додаде Конте.

Стратегијата „Спремност-2030“ предвидува собирање околу 800 милијарди евра во текот на четири години.

Се предлага најголемиот дел од средствата да се повлечат од буџетите на европските држави (околу 650 милијарди), со тоа што уште 150 милијарди би се користеле во вид на кредит.

Европската комисија на државите од ЕУ ќе им даде буџетски концесии, а средствата наменети за регионалниот развој ќе се пренасочат за военото трошење.

„Спемност-2030“ предвидува зголемување на трошоците за одбрана на земјите од ЕУ за 1,5 отсто од БДП.

Подготвено од М.Д.

About Author