1679900445_aerodrom-putnici

01.04.2025 Скопје

ЕУ размислува за ревизија на правилата кои ги регулираат правата на патниците во авионите во случај на доцнење или откажување летови.

Предложената промена на европските правила за компензација за доцнење на летовите може да го ускрати правото на компензација на 85 отсто од патниците, предупредија групите на потрошувачи.

Европските патници во воздушниот сообраќај би можеле да се соочат со нови потешкотии во добивањето на компензација за доцнење на летовите, бидејќи Европската унија започна ревизија на регулативите кои датираат од 2004 година. Сепак, предлогот наиде на политички пречки, а граѓанското општество и авиокомпаниите се залагаат за негово ажурирање.

Во моментов за доцнење подолго од три часа може да се добие отштета од 250 до 600 евра.

Но, тековните преговори може да резултираат со нови правила кои се неповолни за потрошувачите, предупредува Европската организација на потрошувачи (BEUC).

Продолжување на минималното време на доцнење – Комисијата предложи промена на временската рамка за добивање на надоместокот. Наместо три часа, сега ќе биде пет, девет или дванаесет часа, во зависност од должината на летот – изјави за Euronews правниот експерт на BEUC, Стивен Бергер.

Што значи тоа конкретно? Ако се усвојат сегашните предлози, 85 проценти од потрошувачите повеќе нема да имаат право на компензација – Кои летови се предмет на регулација?

Директивата се однесува на сите летови што поаѓаат од аеродромите на ЕУ, без оглед на националноста на авиокомпанијата, како и за летовите што пристигнуваат на аеродромите на ЕУ доколку се управувани од европска авиокомпанија.

Сепак, тој не се однесува на летови до Европа што ги оперираат авиопревозници кои не се членки на ЕУ, ниту на летови надвор од ЕУ со попатни застанувања во Европа.

Правилата ги опфаќаат сите земји-членки на ЕУ, како и Исланд, Норвешка и Швајцарија.

Не се обезбедува компензација во случај на „исклучителни околности“, како што се екстремни временски услови, ограничувања на контролата на летање, штрајкови кои не вклучуваат персонал на авиокомпанијата и политичка нестабилност.

Скратени рокови за поднесување барања BEUC го критикува и предложениот рок за остварување на правата на патниците.

Според сегашниот предлог, патниците ќе имаат само три месеци да поднесат барање за обесштетување или да бараат почитување на нивните права, што е прекраток период – нагласува Бергер.

Флексибилност во корист на авиокомпаниите Преговорите меѓу земјите-членки на ЕУ се засноваат на предлог на Европската комисија од 2013 година.

Граѓанското општество смета дека овој документ е застарен и не ги задоволува потребите на современите патници.

Од друга страна, авиокомпаниите сметаат дека овој документ стар десет години сè уште претставува добра основа за преговори.

Асоцијацијата Airlines4Europe (A4E), која ги претставува компаниите кои управуваат со 70% од европскиот воздушен сообраќај, тврди дека „компромисниот предлог на Европската комисија од 2013 година ќе им ја даде потребната флексибилност на авиокомпаниите за подобро управување со прекините, овозможувајќи им да заштедат летови и подобро да одговорат на врвниот приоритет на патниците – да стигнат до нивната дестинација што е можно побрзо“.

А4Е, исто така, истакнува дека „тековните регулативи се нејасни, што создава несигурност за патниците, авиокомпаниите и судовите“.

Улогата на посредникот во резервациите за патувања Покрај прашањето за компензација за доцнење и откажување летови, организациите на потрошувачи предупредуваат и на потребата од регулирање на улогата на посредниците во продажбата на авионските билети.

Станува збор за платформи за споредување, резервирање и купување авионски билети, кои не се опфатени со правилата од 2004 година.

Полска, која во моментов претседава со ЕУ шестмесечно, ја презеде одговорноста за ова досие и сака да постигне што е можно поголем напредок во преговорите до јуни.

Засега преговорите се водат на техничко ниво и се уште не се достигнати на политичко ниво.

Подготвено од М.Д.

About Author