image (6)

26.04.2025 Скопје

Објавен е дрес кодот за погребот на папата Франциск, кој ќе се одржи во денес, 26 април, во Ватикан.

Главната боја на „дрес кодот“, како што се очекуваше, е црна. Мажите се должни да носат темно одело со долга црна вратоврска, а на левиот ревер црно копче или, за оние кои поседуваат, ватикански одликувања

Жените треба да носат долг црн фустан со соодветни ракавици и црн превез преку главата. Кога станува збор за накит, постои ограничување – дозволен е само бисерен ѓердан.

Распоредот на седење за погребот на папата беше објавен и претходно. Првите места се резервирани за претседателите на Италија и Аргентина (земјата на потекло на папата), по што следат католичките кралеви од шефовите на држави, Големиот мајстор на Малтешкиот ред, а потоа некатоличките монарси. Другите шефови на држави ќе бидат наведени по азбучен ред на француски јазик, кој е официјален јазик на дипломатијата.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе биде еден од попознатите гости на погребот, но и покрај тоа нема да седи во првиот ред. Според протоколот на Ватикан и искуството од погребот на Јован Павле Втори во 2005 година, се очекува Трамп да седи во третиот ред.

Странските државници веројатно ќе бидат сместени на едната страна во еден блок до ковчегот на папата, додека на другата страна ќе седат надбискупи, бискупи, патријарси и кардинали.

Подготвено од М.Д.

About Author