NOV ZELAND PARLAMENT

11.04.2025 Скопје

По минатонеделната најава на претседателот на САД, Доналд Трамп за воведувањето на царини, Нов Зеланд и Австралија почнаа разговори со други држави, со цел заеднички да одговорат на американските царини и да ја поттикнат слободната трговија.

Премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Луксон изјави дека разговарал со премиерите на Сингапур, Виетнам и Малезија, како и со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен за меѓународната трговска соработка, за зајакнување на слободната трговија со цел да се зголеми економскиот раст.

Тој ја навести идејата за соработка помеѓу земјите-членки на Европска Унија и Сеопфатниот и напреден договор за транспацифичко партнерство (ЦПТПП).

Шефицата на австралиската дипломатија Пени Вонг изјави дека се разговарало со земјите од Југоисточна Азија, Јапонија, Јужна Кореја, Индија и со ЕУ за заеднички одговор на царините на Трамп.

Трамп воведе царини од 10 отсто за Австралија и за Нов Зеланд, што е минимален износ на неговите царини за целиот увоз во САД. Канбера и Велингтон соопштија дека нема да одговорат со контрамерки.

Минатата година извозот на Нов Зеланд во САД изнесувал 12 проценти, а на Австралија пет отсто.

Трамп вчера соопшти дека го пролонгира воведувањето царина за поголем број земји за 90 дена.

Подготвено од М.Д.

About Author