ONKOLOGIJA SKOPJE

25.04.2025 Скопје

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во текот на денот е пристигната биолошката терапија по новата јавна набавка, потврдуваат од оваа јавна здравствена установа.

„Пациентите благовремено ќе бидат известени од страна на персоналот на УК за радиотерапија и онкологија за кога да дојдат за апликација на терапијата и/или за подигање на таблетарната терапија“, појаснуваат од клиниката.

Додаваат дека во текот на денот и сукцесивно во текот на наредната недела ќе се дистрибуираат сите лекови.

Од клиниката одговорија потврдно на нашето прашање дали веќе ги имаат сите лекови што недостасуваа.

Подготвено од М.Д.

About Author