
22.04.2025 Скопје
Мозочен удар што довел со срцев застој е причина за смртта на папата Франциск, соопшти Ватикан.
„Папата мина мирна ноќ, се разбуди во 6 часот по што доживеа мозочен удар, поради што почина во 7:35 часот“, се наведува во соопштението на Римокатоличката црква.
По традиција, вратата во собата на папата во резиденцијата Санта Марија е запечатена, како и вратата на третиот кат во Ватикан, каде се наоѓа апартманот за поглаварите на Римокатоличката црква, кој папата Франциск никогаш не го користеше, освен за обраќање во неделите.
Веста за смртта на папата беше дочекана со изненадување, со оглед дека присуствуваше на прославата на Велигден и од „папамобилот“ ги отпоздрави 35.000 луѓе на плоштадот „Свети Петар“. Почина на Белигденски понеделник или, како што уште се нарекува, Анѓечски понеделник, ден на кој, според сеќавањата, се сретнале анѓелите со жените на гробот на Исус.
Во тестаментот од 2022 година, кој е многу краток, папата напиша дека сака да биде погребан многу скромно, во Базиликата Света Марија Маѓоре, со единствен натпис Франциск (Фрањо на латински).
Телото на папата ќе биде изложено во едноставен дрвен ковчег „достоинствено, но како и секој христијанин“, одлука што Франциск ја објасни одамна.
Имено, тој реши да се откаже од традицијата на три ковчези од храст, чемпрес и олово, како и ковчегот да не биде поставен високо, туку меѓу верниците. Така ќе остане три дена, почнувајќи од утре, по што ќе започне церемонијата на погреб, најверојатно во сабота на 26 април на која ќе присуствуваат делегации на државии влади од целиот свет.
Ќе следуваат девет денови на жалост, а Конклавата ќе се одржи во рок од најмногу 20 дена. Тогаш кардиналите ќе се затворат во Сикстинската капела од каде нема да излезат сè додека име на еден кардинал не добие две третини од гласовите, што ќе биде објавено со бел чад.
Подготвено од М.Д.