ZEMJODELIE

14.04.2025 Скопје

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за помош пд 600 000 денари (речиси 10 илјади евра) на млади земјоделци на возраст од 18 -40 години кои за прв пат почнуваат да се занимаваат со земјоделство. Дополнителен услов за неповратниот грант е апликантите да се  запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци и да имаат деловен план за нова  инвестиција

Максималната финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци. Овие предвидени средства ќе се доделуваат за период на реализација на деловниот план и ќе се исплаќаат на годишно ниво но најмногу на три рати. Дополнително предвидена е и 40% авансна исплата на предметната инвестиција, рече ресорниот министер Цветан Трипуновски.

На јавниот повик предност ќе имаат младите жени земјоделки, членови на задруги, млади со завршено земјоделско или ветеринарно образование, оние кои сакаат да инвестираат во механизација и опрема за преработка и за  сточарско производство.

Аплицирањето за оваа мерка се врши по електронски пат најдоцна до 9.05.2025. Целта е подмладување на ресорот и зголемување на земјоделското производство.

Подготвено од М.Д.

About Author