merc

10.04.2025 Скопје

Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц, кој треба да го наследи Олаф Шолц на функцијата канцелар на најголемата европска економија, синоќа рече дека планира наскоро да отпатува во Вашингтон за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Ќе се видиме наскоро, рече Мерц, иако додаде дека не е одреден конкретен датум за посетата.

Мерц нагласи дека пред такво патување ќе бидат неопходни консултации во рамките на ЕУ, особено за прашања како што се царините.

Мерц рече дека има за цел да ги претставува сите европски држави, не само Германија, за време на неговото патување во Вашингтон. „За мене приоритет е Европа“, додаде тој.

Во интервју за телевизијата ЗДФ, Мерц истакна дека одлуката на Трамп да ги суспендира неодамна воведените тарифи за 90 дена е одговор на обединетиот став на Европа.

Тој рече дека Европа е подготвена да преговара, но и решена да ги заштити своите интереси во меѓународниот трговски конфликт.

Подготвено од М.Д.

About Author