IMAGE_9334591_4000_0

10.04.2025 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Париз, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон. Тој пристигна во Елисејската палата, каде што беше пречекан од претседателот Макрон и почесната гарда на француската армија.

За претседателот Вучиќ беше организиран работен ручек во Елисејската палата, кој претседателот Макрон го приреди во негова чест.

Се очекува на ручекот двајцата лидери да разговараат за билатералната соработка, европскиот пат на Србија, геополитичката ситуација и многу други теми.

Пред средбата, Вучиќ рече дека е благодарен што има можност да се сретне со Макрон.

Оваа посета е договорена на крајот на март, кога Вучиќ и Макрон имале телефонски разговор. По тој повод се разговараше за сите аспекти на соработката меѓу двете земји и европскиот пат на Србија.

Францускиот претседател беше во официјална посета на Србија во август 2024 година, кога покрај Белград го посети и Нови Сад.

Подготвено од М.Д.

About Author