
10.04.2025 Скопје
Некои производи, како што се автомобилите, чипсот, челикот и алуминиумот, ќе продолжат да подлежат на пониски царини, но повеќето други увозни категории од Кина ќе бидат покриени со целосната царина.
Пекинг засега не покажува знаци на попуштање и најавува нови контрамерки против американскиот увоз. Но, некои аналитичари веруваат дека овие царини може сериозно да ја погодат кинеската економија и да ја принудат на структурни промени.
Дан Ванг од консултантската компанија Eurasia Group истакнува дека секоја царина над 35 отсто ќе ги избрише сите профити на кинеските компании кои извезуваат во САД или Југоисточна Азија.
„Се што е над тоа ниво е симболично“, рече Ванг, цитирајќи бројки од индустријата.
Таа, исто така, предупреди дека Кина би можела да ја пропушти целта за годишен раст од околу 5 отсто доколку економијата се затвори за меѓународната трговија.
„Растот ќе биде значително помал бидејќи извозот и надворешната побарувачка придонесоа од 20 до 50 отсто во вкупниот економски раст по пандемијата“, додаде таа.
Тим Вотер од брокерската компанија KCM Trade се согласува дека царините од 104 проценти нема да бидат одржливи за Кина на долг рок, со оглед на нејзината извозно ориентирана економија.
„Краткорочно тие можат да издржат, но на долг рок тоа бара структурни промени – како што е потпирање на домашната потрошувачка“, рече Вотер.
Подготвено од М.Д.