
29.04.2025 Скопје
Кина за првпат во историјата стана светски лидер според вкупниот обем на нуклеарна енергија, се наведува во извештајот објавен од Кинеската администрација за нуклеарна енергија (КНЕА).
„Во моментов, Кина има 102 нуклеарни централи со вкупен инсталиран капацитет од 113 милиони киловати кои се активни, во изградба или одобрени за изградба. Што се однесува до вкупниот обем на нуклеарна енергија, Кина за прв пат стана прв произведувач на нуклеарна енергија во светот“, се наведува во извештајот.
Освен тоа, се додава дека Кина во моментов има 28 нуклеарни централи во изградба со вкупен капацитет од 33,65 милиони киловати. Кина веќе 18 години по ред е на првото место во светот според капацитетот на електроцентрали во изградба.
„Кина има 58 нуклеарни централи во комерцијален погон, со вкупен инсталиран капацитет од 60,96 милиони киловати. И покрај тоа, производството на нуклеарната енергија во нашата земја продолжува да расте“, се додава во извештајот.
КНЕА соопшти дека во 2024 година вкупното производство на енергија од оперативните централи достигнало 444,7 милиони киловат часови, што претставува 4,72 отсто од вкупното производство на енергија во земјата, што со самото тоа Кина ја рангира на второто место во светот по вкупното производство на нуклеарна енергија.
Подготвено од М.Д.