KINA

22.04.2025 Скопје

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но цврсто ќе се спротивстави на секој што ќе постигне договор на штета на Кина, соопшти во понеделникот кинеското Министерство за трговија.

Кина „ќе преземе контрамерки на цврст и реципрочен начин“ доколку која било земја бара такви договори, соопшти Министерството, цитирајќи ги вестите дека администрацијата на Трамп се подготвува да изврши притисок врз другите земји да ја ограничат трговијата со Кина во замена за ослободување од царини од САД.

Кина е одлучна и способна да ги заштити сопствените права и интереси, додаде кинеското министерство.

Подготвено од М.Д.

About Author