KINA SAD CARINI

09.04.2025 Скопје

Кина решително ќе преземе контрамерки за да ги заштити своите права и интереси доколку САД ги засилат царинските мерки, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Таканаречените „реципрочни царини“ на САД против Кина се неосновани и типичен пример за еднострано малтретирање, рече портпаролот на Министерството за трговија, коментирајќи ја американската закана за воведување дополнителни царини од 50 отсто на кинескиот увоз, на што Кина решително се противи, објави Ксинхуа.

Министерството соопшти дека контрамерките усвоени од Кина се целосно легитимни акции насочени кон заштита на нејзиниот суверенитет, безбедност и развојни интереси, како и одржување на нормалниот меѓународен трговски поредок.

Заканата од САД за ескалација на царините против Кина ги зголемува нејзините грешки и дополнително ја разоткрива нејзината уценувачка природа, која Кина никогаш нема да ја прифати, рече портпаролот.

„Кина ќе се бори до крај доколку американската страна е подготвена да продолжи по погрешниот пат“, нагласи кинеското министерство.

Подготвено од М.Д.

About Author