KAFE

16.04.2025 Скопје

Кафето повторно поскапува, во САД, цената на „арабика“ е зголемена за 70 отсто.

Сушите во државите производители, зголемената побарувачка и проблемите во транспортот доведоа до зголемување на цената на сировото кафе на светските берзи. Проф. д-р Вељко М. Мијушковиќ, од Економскиот факултет во Белград, објаснува дека сегашното поскапување е резултат на неколку светски фактори.

„Производителите во Србија делумно го амортизираа растот на цените на сировото кафе во светот, користејќи различни стратегии, но долгорочно – доколку продолжат светските трендови на поскапувања, дополнителните корекции на цените на нашиот пазар се неизбежни“, вели Мијушковиќ.

Како што додава, за потрошувачите ширум светот, вклучително и за Србија, тоа веројатно значи дека пазарот на кафе ќе продолжи да биде нестабилен бидејќи домашните увозници не можат да влијаат на глобалните предизвици и тешкотии.

Подготвено од М.Д.

About Author