Evra-780x405-1-696x361

22.04.2025 Скопје

Истражувањето ги открива најновите податоци за просечната месечна нето заработка во светот за 2024 година – односно износите што ги добиваат вработените по одбитоците за данок. Податоците откриваат значителни глобални разлики, а очекувано, најголема заработка е забележана во развиените економии на Западот, додека многу земји се уште се борат со ниските стандарди.

На самиот врв на листата е Швајцарија, каде просечната нето плата е 6.558 долари месечно, што ја прави светски лидер по лични примања. Следува Луксембург со 5.706 долари, додека третото место им припаѓа на Соединетите Американски Држави со 4.353 долари.

Во првите десет се вклучени и:

Исланд – 3.919 долари

Катар – 3.795 долари

Сингапур – 3.711 долари

Хонг Конг – 3.630 долари

Данска – 3.562 долари

Австралија – 3.441 долари

Холандија – 3.367 долари

Од друга страна, земјите со најниска просечна нето заработка на листата на 50 најразвиени се:

Полска – 1.463 долари

Чешка – 1.501 долари

Естонија – 1.531 долари

Малта – 1.542 долари

Словенија – 1.543 долари

Подготвено од М.Д.

About Author