g_EVN-vlez

23.04.2025 Скопје

Новиот Предлог-закон за енергетика, кој влезе во собраниска процедура, предвидува контроверзни одредби со кои се овозможува издавање на фактури за потрошена електрична енергија врз основа на претпоставена, а не реално измерена потрошувачка. Инженери на Република Северна Македонија бараат итно укинување на овие одредби за да се заштити јавниот интерес и правото на фер пресметка. Тие апелираат до пратениците да не ги донесат овие измени со цел граѓаните да не бидат финансиски оштетени. При нередовно читање на броилата, потрошувачите се распределуваат во погрешни ценовни блокови, што резултира со зголемени сметки и неоправдани наплати.

Доколку не се отвори дискусија од страна на пратениците најверојатно по скратена постапка со европско знаменце, веднаш ќе се донесе новиот Закон за енергетика. И покрај тоа што законот се носи со европско знаменце, ЕУ директивата никаде не предвидува дозвола за фактурирање со претпоставена потрошувачка. Ние апелираме да се отвори дискусија од страна на пратениците и да се објасни зошто да се применува паушално пресметување и да видиме по какви формули ќе го вршат предвидувањето на потрошувачката.

За да се заштитат од паушални сметки тој апелира до граѓаните онлајн секој месец до ЕВН да поднесуваат извештај за состојбата за висока и ниска тарифа.

Има голем број на броила кои ретко се отчитуваат, некогаш еднаш во текот на една година. Тоа најчесто се броилата во викендички и во некои планински села. За да се заштитат од паушални сметки граѓаните на кои нередовно им се отчитуваат саатите треба сами онлајн секој месец до ЕВН да поднесуваат извештај за состојбата за висока и ниска тарифа. ЕВН дури и да има екипи за да вршат отчитување на саати во овие места нема да може затоа што луѓето не се дома. Се виде дека и Регулаторната комисија за енергетика и покрај напорите не е во состојба да ги заштити граѓаните, така што ќе мора сами да се заштитат со поднесување на состојбата до ЕВН.

Според инженерите, при нередовно читање на броилата, потрошувачите се распределуваат во погрешни ценовни блокови, што резултира со зголемени сметки и неоправдани наплати.

Пресметките на инженерите покажуваат дека дури и ±10% грешка при проценката на потрошувачката може да предизвика разлика во наплатата до 8.000 денари годишно по домаќинство. Со оглед дека во државата има 598.632 домаќинства, а ЕВН располага со 915.492 броила, ова претставува сериозен удар врз џебот на граѓаните и можност за милионски профити на штета на јавниот интерес.

Иако Регулаторната комисија за енергетика веќе потврди дека ваквите проценки носат штета за потрошувачите и започна процес за измени на Правилата за снабдување со електрична енергија, Владата оди во спротивна насока.

Подготвено од М.Д.

About Author