MERC

14.04.2025 Скопје

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека новата федерална влада ќе се стреми бројот на баратели на азил да не надмине 100.000 годишно.

Нашите градови, училишта, болници и инфраструктура се веќе на работ на издржливост, изјави Мерц.

Тој го потврди планот за запирање на спојувањето на семејства и најави широка кампања за депортација, како што е наведено во коалицискиот договор меѓу неговата конзервативна коалиција (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Мерц најави дека ќе воведе механизми за одбивање на мигрантите уште на границите, а соработка со соседните држави веќе е започната.

Во 2024 година, Германија регистрирала речиси 230.000 барања за азил, што е за околу 100.000 помалку од 2023. Мерц смета дека капацитетот на Германија е максимум 100.000 барања годишно.

Подготвено од М.Д.

About Author