ZNAME FRANCIJA

24.04.2025 Скопје

За официјален Париз, мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина.

Секој мировен договор меѓу Русија и Украина мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина, соопшти денеска Елисејската палата.

„Територијалниот интегритет на Украина и нејзините европски стремежи се цврсти барања на Европејците“, изјавија од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Ова е реакција на изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека „двете страни ќе мора да се откажат од дел од териториите кои моментално ги контролираат“.

Инаку, Украина не планира окупираните територии да ги признае како руски. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.

Подготвено од М.Д.

About Author