https://twitter.com/vonderleyen/status/1582635443073318912/photo/1

10.04.2025 Скопје

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен ја поздрави најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за суспендирање на реципрочните царини. „Ја поздравувам најавата на претседателот Трамп за паузирање на реципрочните царини. Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“, рече фон дер Лајен.

Јасни, предвидливи услови се од суштинско значење за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување. Царините се даноци кои само ги повредуваат бизнисите и потрошувачите. Затоа постојано се залагав за договор за царини нула за нула меѓу Европската унија и САД, нагласи претседателката на ЕК. Таа додаде дека Европската унија останува посветена на конструктивни преговори со Соединетите Држави, со цел да се постигне трговија без триење и заемно корисна, додаде Фон дер Лајен.

Во исто време, Европа продолжува да се фокусира на диверзификација на своите трговски партнерства, ангажирајќи се со земји кои сочинуваат 87% од глобалната трговија и ја споделуваат нашата посветеност за слободна и отворена размена на стоки, услуги и идеи, изјави шефицата на Европската Комисија.

Трамп во средата ги суспендираше реципрочните царини со сите земји на 90 дена, освен Кина, која ја зголеми на 125%. САД оставија во сила универзална царина од 10%.

Подготвено од М.Д.

About Author