fon der lajen

08.04.2025 Скопје

Европската унија им нуди на САД взаемно укинување на царинските стапки за индустриските производи, изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, зборуваше за трговските тензии со Соединетите Американски Држави. Таа рече дека „Европа е подготвена да преговара со САД“ и додаде дека ЕУ предложила укинување на царините за индустриските стоки од двете страни, со воведување нула царини. Како што наведе таа, тој предлог доаѓа затоа што Европската унија е секогаш отворена за постигнување добар договор.

Европа е подготвена да преговара со САД и предложи укинување на тарифите за индустриските стоки од двете страни

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, зборуваше за трговските тензии со Соединетите Американски Држави

Фон дер Лајен, сепак, издаде предупредување:

Подготвени сме за контрамерки и заштита од индиректни последици преку диверзификација на трговијата“, нагласи таа.

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп ја означи Европската унија како еден од „најлошите престапници“ во трговијата, најавувајќи воведување царина од 20 отсто за стоките што ЕУ ги извезува во САД. Исто така, веќе воведе царини од 25% за челик, алуминиум и нивните производи.

Подготвено од М.Д.

About Author