fon der lajen

25.04.2025 Скопје

Европската Комисија (ЕК) во следните две недели ќе претстави патоказ за тоа како има намера постепено да го укине целиот увоз на руски фосилни горива, изјави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен на енергетскиот самит во Лондон.

Фон дер Лајен рече дека увозот на руски гас во земјите на ЕУ е намален на 18 отсто од околу 45 отсто во 2021 година, но дека треба дополнително да се намали.

Таа посочи дека рускиот гас е делумно заменет со увоз на течен природен гас (LNG) од САД и гас од Норвешка.

Состанокот во Лондон го организираа Владата на Обединетото Кралство и Меѓународната агенција за енергија.

ЕК вети постепено укинување на употребата на руските фосилни горива до 2027 година како одговор на рускиот напад врз Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака ЕУ да купува повеќе американски гас, истакнувајќи дека европските претставници го гледаат ова како можност да преговараат за намалување на американските царини за ЕУ.

Подготвено од М.Д.

About Author