EU KOLI

02.04.2025 Скопје

Во 2024 година, Европската унија извезла 5,4 милиони автомобили и увезла четири милиони возила. Во однос на 2019 година, бројот на извезени автомобили е намален за 13,2 отсто, а бројот на увезени автомобили е намален за три отсто.

ЕУ извезла автомобили во вредност од 165,2 милијарди евра и увезла 75,9 милијарди евра, што резултирало со трговски суфицит од 89,3 милијарди евра. Во однос на 2019 година, извозот е зголемен за 17,7 отсто (24,8 милијарди евра), а увозот за 20,0 отсто (12,7 милијарди евра).

Намалувањето на бројот на извезени и увезени автомобили, заедно со зголемените трговски вредности, го одразуваат растот на цените во периодот од 2019 до 2024 година, соопшти Европската канцеларија за статистика – Евростат.

Соединетите држави и Обединетото Кралство беа главните дестинации за извоз на автомобили од ЕУ минатата година, со вредности од 38,9 милијарди евра и 34,3 милијарди евра, соодветно. Следува Кина со 14,5 милијарди евра, потоа Турција со 12,0 милијарди евра и Швајцарија со 8,5 милијарди евра.

Гледајќи ги најголемите извозни партнери меѓу 2019 и 2024 година, ЕУ забележа најголем пораст на извозот на автомобили во Турција, за 364,1 отсто. За разлика од нив, најголем пад забележа извозот во Кина, кој се намали за 22,3 отсто.

За увоз на автомобили во ЕУ, Кина и Јапонија беа најголеми добавувачи со 12,7 милијарди евра и 12,3 милијарди евра, соодветно. Велика Британија е трета со 11,0 милијарди евра, потоа Турција со 9,1 милијарди евра и Соединетите Американски Држави со 8,4 милијарди евра.

Од 2019 до 2024 година ЕУ забележа најзначаен раст на увозот на автомобили од Кина, со пораст од дури 1591,3 отсто. Од друга страна, најголем пад забележа увозот од Обединетото Кралство, кој падна за 17,1 отсто.

Подготвено од М.Д.

About Author